Принцезата Дијана го посетила Балканот 20 дена пред смртта: Пиела локално кафе, а еден нејзин потег го ,,запали” интернетот: Лежеше зјапајќи во таванот… (фото/видео)

Беше август 1997 година. Неколку недели пред кобната несреќа во Париз каде што го загуби животот, принцезата Дијана ја посети Босна, а записите од таа посета и денес се актуелни и многу интригантни за јавноста, а се објавени и на социјалните мрежи, каде се појави видео од Лејди Ди и нејзиното семејство од оваа земја како уживаат во босанско кафе, кое таа го проба тој ден за првпат.

Принцезата Дијана важи за најпознатата принцеза на народот, многумина ја носеа таа титула по неа, но таа беше наречена така од многу причини.

Дијана отиде во Босна за да го привлече вниманието на јавноста за опасноста од нагазни мини. Таа посетила голем број луѓе кои се здобиле со повреди, без разлика на нивната националност или возраст.

Ја искористила приликата да поразговара со едно семејство од Босна и за првпат пробала босанско кафе во нивниот дом. Погледнете како тоа изгледаше:

„Британските власти сметаа дека патувањето ќе биде многу опасно за неа. Таа рече: „Заборавете, јас ќе одам. Не ми кажувајте што да правам, ако треба ќе одам приватно“, рече британскиот професор по политички науки Кен Радерфорд, кој и’ помогна на Дијана да ја постигне целта Тој истакна дека принцезата не успеала целосно во својата намера, бидејќи медиумите повеќе се интересираат за неа, отколку за целта на нејзината посета.

„Медиумите ми го загорчија животот, и затоа сакам да им го правам истото. Сакам да зборувам за важни прашања и проблеми во светот за кои никој не зборува. Сакам да одам на места што медиумите обично не ги посетуваат“, рече таа еднаш.

Трогателна средба на принцезата Дијана со мало девојче

Дијана била многу посветена на хуманитарната работа, што многу ја израдувало, се присетила професорката, а потоа раскажала како поминала нејзината средба со мало девојче:

,,Кога го посети прифатниот центар, имаше многу деца што трчаа наоколу. А имаше едно мало девојче кое само лежеше во аголот и гледаше во таванот. Требаше да продолжиме понатаму, но принцезата веднаш отиде кај девојчето и ја прегрна”.

Помошникот на Дијана, Пол Бурел, рече дека морале веднаш да заминат за да не го пропуштат летот за Велика Британија, но принцезата одбила да го напушти центарот пред да се увери дека некој ќе се грижи за детето. Професорот Радерфорд истакна дека првпат ја видел девојката насмеана.

Принцезата почина дваесет дена по нејзината посета на Босна и Херцеговина. Нејзиниот гроб не може да се посети.