Целиот свет го следи погребот на папата Франциско кој денеска се одржува во главниот град на Италија, а на кој се собраа бројни функционери од различни земји, меѓу кои и принцот Вилијам. Сепак, она што на многумина им падна во очи е тоа што тој се појави – сам, без сопругата
Кејт Мидлтон , па сите се прашуваат каде е таа?
Не, тоа не е ништо необично бидејќи долгогодишната модерна традиција на британското кралско семејство налага кралот и кралицата да не се појавуваат на вакви настани, туку нивната улога да ја преземе престолонаследникот. Така, принцот Вилијам дојде во име на неговиот татко, кралот Чарлс. Исто така во 2005 година, кога принцот Чарлс ја претставуваше кралицата Елизабета Втора на погребот на папата Јован Павле III, а Камила тогаш не беше со него.
Принцот Вилијам никогаш не се сретнал со папата Франциско, но неговиот татко, кралот Чарлс , го имал посетено неколку пати во изминатите неколку години. Последен пат беше неодамна, кога кралот Чарлс прослави 20 години брак со Камила.