Принцот од Велс за прв пат проговори откако беше објавено дека на неговиот татко, кралот Чарлс, му бил дијагностициран рак . Тој во средата вечерта пристигна на гала вечера за поддршка на лондонската организација „Air Ambulance Charity“, чиј покровител е тој, кога одговори на новинарско прашање за здравјето на Чарлс.
Принцот Вилијам накратко и се заблагодари на јавноста за поддршката, велејќи дека „навистина ги цени сите што се толку љубезни“.
И покрај предизвикувачкиот период, Вилијам изгледаше во добро расположение. Да потсетиме, не само што кралот Чарлс доби сериозна дијагноза, туку и неговата сопруга Кејт Мидлтон се опоравува дома по операцијата на абдоменот.
Поголемиот дел од службените обврски и товари на монархијата паднаа на плеќите на Вилијам, па зад него стојат напорни денови исполнети со деловни обврски.