Наводно, на принцот Вилијам требало да му биде дадено друго име, но неговата мајка, принцезата Дајана, успеала да го наметне своето, и покрај инсистирањето на Чарлс.
Имено , бракот на Чарлс и Дајана не бил на стабилни темели, а една од главните причини е тоа што тој бил заљубен во својата сегашна сопруга , Камила Паркер, сите овие години.
Дијана ги слушнала неколку пати додека разговарале по телефон и наводно се пожалила на самата кралица Елизабета за однесувањето на нејзиниот син. Сепак, кога Дајана била бремена со Вилијам, Чарлс сакал по секоја цена да го крсти својот син Артур.
Еден од авторите на кралската биографија, Роберт Лејси, за списанието „Пипл“ изјави дека Дијана сакала помалку робусно име за својот син. Сепак, една од главните причини наводно била тоа што Чарлс еднаш ѝ рекол на Камила дека би сакал да му роди деца и дека ќе го крсти синот Артур. Очигледно, Дијана го слушнала тоа и не доаѓало предвид да го користат тоа име за нивното првородено.
– Таа со сета сила инсистираше да биде Вилијам, иако никогаш не му откри дека знае за неговиот разговор со Камила – додаде Роберт.
Средното име на Вилијам е Филип, по сега починатиот принц и дедо Филип, и Луис, по лордот Луис Маунтбатен.