Принцот Вилијам требало да се вика поинаку! Скриени детали од раѓањето – Лејди Ди го спречила сопругот да го даде ова име

Наводно, принцот Вилијам требало да добие поинакво име, но неговата мајка, принцезата Дијана, успеала да го истера своето, и покрај инсистирањето на Чарлс.

Имено , бракот на Чарлс и Дијана не бил на стабилна основа, а една од главните причини е што сите овие години бил вљубен во својата сегашна сопруга Камила Паркер.

Дијана ги слушала неколку пати кога разговарале на телефон, а наводно и се пожалила на самата кралица Елизабета за однесувањето на нејзиниот син. Меѓутоа, кога Дијана била бремена со  Вилијам, Чарлс по секоја цена сакал да го именува својот син Артур.

 

Еден од авторите на кралската биографија, Роберт Лејси, изјави за списанието People дека Дијана сака помалку цврсто име за нејзиниот син. Меѓутоа, една од главните причини наводно била тоа што Чарлс еднаш и рекол на Камила дека би сакал да му роди дете и дека својот син ќе го именува Артур. Очигледно, Дијана го слушнала тоа и не доаѓало предвид да го користат тоа име за нивното првороденче.

– Со сите сили инсистираше да биде Вилијам, иако никогаш не му откри дека знаела за неговиот разговор со Камила – додал Роберт.

 

Средното име на Вилијам е Филип, по сега починатиот принц и дедо Филип, и Луис, по лордот Луис Маунтбатен.