Среде нов скандал, кој го создаде новинарот Омид Скоби со својата нова книга, под лупа се следи секој потег на членовите на британското кралско семејство .
Сепак, тие не се замараат со тоа, барем не јавно, исполнувајќи ги сите обврски што им се во календарот. А меѓу нив е и средбата со идната шведска кралица, принцезата Викторија и нејзиниот сопруг, принцот Даниел, кои пристигнаа да ги посетат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам .
Нивното дружење траеше во текот на целиот ден, а она што го направи принцот Вилијам кога ги угости, брзо стана збор на Интернет.
Имено, кога пристигнале во Бакингемската палата, Вилијам срдечно ја прегрнал и бакнал принцезата Викторија, што за неа било големо изненадување, а што не очекувала откриле нејзините движења на телото со кои не знаела што да прави.
Членовите на кралското семејство најчесто ги пречекуваат гостите со ракување, а зошто имаат толку посебни емоции кон принцезата Викторија интересираше многумина.
На ист начин ја поздрави Викторија и Кејт Мидлтон, а истата ситуација се случи подоцна истата вечер кога заедно пристигнаа на ревијата во Ројал Алберт Хол, каде истото го направија на скалите пред стотици фанови и папараци.
Да потсетиме, Кејт и Вилијам деновиве се во центарот на вниманието откако новинарот Омид Скоби ја објави својата книга за нив наречена „Endgame“, во која во холандска верзија ги оцрни Кејт и кралот Чарлс дека расистички зборувале за она што го би била бојата на кожата на децата на принцот Хари и Меган Маркл.
Од Бакингемската палата не сакаат да ја коментираат оваа ситуација, а се чини дека тоа не им пречи премногу.