ПРИНЦОТ ХАРИ ПОДГОТВУВА ОДМАЗДА: Чарлс ги исфрли синот и снаата на улица, но тоа што тие сега го смислија ќе го докусури кралот

Принцот Хари (39) со години не е во добри односи со семејството. Се чини дека тој одлучил да направи нешто за неговото сместување во Лондон, откако неговиот татко, кралот Чарлс III, наредил иселување на неговиот син и снаа Меган Маркл од викенд куќата Фрогмор Котиџ, која се наоѓа на имотот Виндзор. Тој ги „избркал“ по објавувањето на мемоарите на принцот во кои објави шокантни тврдења за кралското семејство.

Помладиот син на кралот сега бара „постојан“ дом во Велика Британија за да може да го посетат неговите пријатели кои не се во добри односи со неговата сопруга Меган. Кралскиот експерт Том Квин изјави за „Mirror Sunday“ дека на Хари веројатно му недостасуваат некои аспекти од неговиот стар живот во Лондон. Инаку, принцот ја напушти земјата во 2020 година и престана да ги извршува кралските должности и се пресели во Америка со сопругата и синот Арчи.

„Беше неизбежно, завршува периодот на меден месец кога сè во Америка е ново и возбудливо, а Хари гледа во минатото низ розови очила “, тврди Квин, кој верува дека на Хари му недостасуваат и пријателитњ од војската и колеџот. Се уште не го посетиле во Калифорнија, а причината е што не се согласуваат со неговиот избор.

„Хари е решен да го најде својот постојан дом во Обединетото Кралство, што делумно е причината зошто тој продолжува со својата правна постапка за да го натера британскиот даночен обврзник да плати за неговата безбедност“, рече Том.

Војводата и војвотката од Сасекс имаат две деца, синот Арчи (5) и ќерката Лилибет Дијана (3). Тие живеат удобно во раскошна палата во Монтесито од 14 милиони долари. Тие се трудат да ја заштитат својата приватност, но одвреме-навреме споделуваа интересни кадри од ентериерот. Куќата има 9 спални соби и 16 бањи, како и базен, тениско игралиште и дополнителен простор со две спални соби за гости.