Принцот Хари сака да го промени презимето?

Принцот Хари побарал совет од братот на неговата мајка, Ерл Чарлс Спенсер, во врска со можноста за промена на презимето во „Спенсер“, објави британскиот весник „Дејли меил“.

Според изворите, војводата од Сасекс размислувал за овој потег, што би значело отфрлање на презимето „Маунтбатен-Виндзор“ што го користи кралското семејство и го користат неговите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. 

Имено, мајката на Хари , принцезата Дајана, потекнува од семејството Спенсер, а тој сакал да го земе презимето на мајка си за да ја почести на тој начин.

За време на посетата на Велика Британија, принцот Хари разговарал за ова прашање со својот чичко, Ерл Спенсер. Како што наведе „Дејли меил“, грофот го советувал да се воздржи од промена на презимето, со оглед на законските пречки.

Презимето „Маунтбатен-Виндзор“ стана официјално за потомците на кралицата Елизабета II и принцот Филип, а употребата на ова презиме за децата на војводата и војвотката од Сасекс претставува значаен чекор во зачувувањето на семејната традиција. Сепак, од нивната венчавка во 2018 година, семејството на Хари има предизвици со имињата и титулите, според медиумите. 

Сопругата на Хари, Меган Маркл, постојано инсистираше дека „Сасекс“ е нивното семејно презиме, дури и ги корегира гостите во нејзината емисија иако и таа и принцот Хари веќе се повлекоа од своите официјални улоги во кралското семејство.