Принцот Џорџ (11) уживал во својот прв лет со авион минатата недела, кој го управувал со помош на инструктор.
„Тој го сакаше тоа. Ова е вистинско време за почеток“, изјави еден од работниците на аеродромот Беркшир.
Неговите родители, принцот Вилијам и принцезата Кејт гордо го гледаа неговиот прв лет од земја.
„Тие беа во клубот и го гледаа. Цело време беа многу опуштени. Имаше околу 30 луѓе таму“, рече тој.
Целата авантура траеше околу еден час. Овој настан беше „вистинско уживање“ за Џорџ на последниот ден од летниот распуст пред почетокот на новата учебна година.
„Тој има само 11 години, но ова е вистинско време за почеток“, рече работникот.
Британското кралско семејство има долга традиција на летање, а Џорџ се чини дека оди на тој пат. На истиот аеродром, прадедото на Џорџ, принцот Филип, научил да управува со авион некогаш одамна.
Аеродромот Беркшир е на 20 минути возење од замокот Виндзор, каде што живее семејството.
Неговиот татко Вилијам е исто така обучен пилот кој во мај беше назначен за главен полковник на Воздухопловниот корпус на британската армија од кралот Чарлс.