– Припадници на Армијата на Република Северна Македонија ќе учествуваат на вежбата „PLATINUM WOLF 23“ во Република Србија.
Одлуката за испраќање на припадници на Армијата ја донесе Владата на денешната седница.
-Оваа вежба, според Информацијата од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на Република Србија, а на неа ќе земат учество и вооружени сили на Република Грција, Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Романија, Република Унгарија, Обединето Кралство и Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението од владината прес-служба.