ПРИПРЕМЕТЕ ЃУМБИР ВО ВОДА: Ги чисти токсините од телото и помага да се губат килограми

Еден од најздравите пијалоци за детоксикација на телото и слабеење е водата со ѓумбир. А за да го направите овој моќен ајурведски пијалок, потребни ви се само еден и пол литар вода и четири до пет сантиметри корен од ѓумбир.

РЕЦЕПТ ЗА ВОДА СО ЃУМБИР

Веднаш штом ќе станете, ставете тенџере со вода на шпоретот. Варете ја водата околу дваесет минути, а потоа додадете парчиња сечкан ѓумбир .

Добиената вода од ѓумбир се чува во големи термоси и се пие во текот на денот. Потребно е да пиете најмалку еден литар дневно од овој пијалок, кој всушност е разладен чај од ѓумбир.

Ѓумбирот може да се користи свеж, сушен, во прав, како масло или сок. Многумина го користат како зачин или состојка во различни јадења

СОВЕТ ПЛУС

Подгответе и пијте вода со ѓумбир секој ден шест месеци. Земете го со себе каде и да одите, на работа, на шопинг, на патување… Овој пијалок пијте го во голтки во текот на денот.

Оваа смеса се препорачува да се пие и на празен стомак, но ќе биде пријатна и во текот на денот.

КОЈ НЕ ТРЕБА ДА ЗЕМА ЃУМБИР?

Ѓумбирот може да го забави згрутчувањето на крвта, затоа не се препорачува за пациенти на антикоагулантна терапија.

Придобивките од ѓумбирот

Се користи како лек против гадење и повраќање во бременоста, а може да го зема секој кој страда од мачнини додека вози или плови. Овој моќен горчлив корен влијае на варењето и го забрзува, поради што е сојузник во губењето на вишокот килограми. Тој е богат извор на калциум, фосфор, ниацин, витамин Ц и антиоксиданси, па затоа е одличен и за градење имунитет.

Помага при болки, воспаленија, ревматизам, артритис и гихт. Ѓумбирот штити од вируси, го зајакнува имунитетот, добар е за срцето…

Што е Ајурведа?

Ајурведата е лек стар 5.000 години, со потекло од Индија. Оваа традиционална индиска здравствена наука ги заснова своите принципи на здравствена заштита на „целиот опсег на живот“, т.е. природен начин на живот.