Кога сме настинати најтешко се справуваме со болката во грло и кашлицата. За да избегнеме лекови може и сами да направиме природен сируп кој ќе ги ублажи овие симптоми.
Тешко голтање, засипнатост и болно грло се најчестите симптоми кои може да ги олесниме со помош на природни состојки. Овој едноставен сируп помага кај воспалено грло.
Потребни состојки: 4 големи лажици мед, лажичка куркума во прав, лажичка ситно изрендан ѓумбир, лажичка здробен лук, половина лажичка цимет, половина лажичка луто пиперче, 4 лажички сок од лимон и сок од еден портокал.
Подготовка: медот на тивко загрејте го додека не се разреди, па во него ставете ги останатите состојки. Добро измешајте и оставете да отстои еден час. Потоа процедете низ цедалка или обична газа и ставете го сирупот во тегла.
Земајте од сирупот по една лажичка два до три пати дневно.