Природна и „закопчана“, а сепак неодолива: Еве зошто е најсексапилната жена на светот

Ешли Греам не престанува да го освојува светот со својата природна убавина и харизма, дури и кога е закопчана до врат.

Плус сајз моделот Ешли Греам (35) е толку харизматична што подеднакво блеска во широка облека која ги покрива сите нејзини облини и само во долна облека.

Манекенката, прогласена за најсекси жена на списанието Maxim во 2023 година, ги заврте главите на модната недела во Лондон кога носеше долг цветен фустан со отсек на рамениците, кој одлично и прилегаше. Таа носеше гламурозна, но суптилна шминка на лицето и ја пушти косата да ѝ падне по грбот.

Оваа природна убавица весело позираше пред камерите и го покажа фустанот од сите агли, докажувајќи уште еднаш зошто е толку неодолива.