ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ – НИШТО НЕ ГИ ЧИСТИ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ПОДОБРО ОД ОВОЈ НАПИТОК: Ја ублажува кашлицата, го исфрла шлајмот и насобраните токсини!

Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни инфекции на респираторните органи. Овој тип на кашлица секогаш е проследен со густи секрети во грлото кои се залепени за ѕидовите на бронхиите, што многу го отежнува исфрлањето.

Во овој случај, народните лекови се најдобро решение. Секретот од белите дробови најефикасно се исфрлаат со овој пијалок на база на бел слез.

Бел слез за исфрлање на секрет кај возрасни:

Една лажица сечкан корен од бел слез прелијте со 2 dl ладна вода и оставете го покриено да отстои 6 до 8 часа, а потоа процедете и испијте во мали голтки. Пијте го овој приготвен чај до два пати на ден без шеќер и резултатите нема да пропаднат.

Бел слез, лен и жалфија за исфрлање на слуз кај децата

Белиот слез во интересна чајна смеса со ленено семе и жалфија се покажа како исклучително ефикасен природен лек за подобро исфрлање на секрет кај децата и возрасните.

Измешајте една лажица корен од бел слез, една лажица ленено семе и една лажица сува жалфија. Ставете 2,5 децилитри вода, а потоа додадете 100 гр жолт шеќер. Кога шеќерот ќе се раствори, додадете ја смесата од тревки и еден добро измиен и исечкан лимон. Гответе на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете го од оган и процедете. Земете една лажичка сируп 4 пати на ден додека не се почувствува подобрување. Сирупот за исфрлување на шлајм најдобро се чува во фрижидер.