Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, која е кандидат на демократите на претстојните претседателски избори во таа земја, води со три отсто предност пред републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, покажаа денес резултатите од истражувањето.
Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Харис има 45 отсто поддршка од гласачите, наспроти 42 отсто на Трамп, а двајцата ја продолжуваат тесната трка за победа на претседателските избори во САД на 5 ноември, пренесува Ројтерс.
Разликата меѓу нив остана стабилна во споредба со анкетата спроведена една недела претходно.
Една нова анкета, исто така, покажа дека гласачите, особено оние кои гласаат за демократите, можеби се позаинтересирани да гласаат на изборите отколку на претседателските избори во ноември 2020 година, кога Џозеф Бајден го победи Трамп.
Околу 78 отсто од регистрираните гласачи кои учествуваа во тридневната анкета, од кои 86 отсто беа демократи, а 81 отсто републиканци, изјавија дека се „апсолутно сигурни“ дека ќе гласаат на претседателските избори.
Харис имаше 5 отсто поголема поддршка од Трамп, 43 отсто наспроти 38 отсто, кога од гласачите беше побарано да изберат кој е подобар во справувањето со политичкиот екстремизам и заканите по демократијата, додека таа водеше со 14 отсто поголема поддршка кога станува збор за политиката за здравствена заштита. што е непроменето во однос на истражувањето на Reuters/Ipsos спроведено од 20 до 23 септември.
Трамп имаше предност од 5 отсто пред Харис, 45 наспроти 40 отсто, кога гласачите беа прашани кој кандидат е подобар за „економијата, невработеноста и работните места“.
Со оглед на малата разлика во процентите на поддршка, се проценува дека напорите на кандидатите да се осигураат дека нивните поддржувачи навистина гласаат ќе бидат клучни во одредувањето на победникот.
Ниту еден од кандидатите не им се допаднал на мнозинството електорат, па само 46 отсто од гласачите во истражувањето изјавиле дека имаат позитивно мислење за Камала Харис, наспроти 42 отсто кои го кажале истото за Трамп.
Во најновата анкета, 938 возрасни Американци ширум земјата учествуваа онлајн, вклучително и 807 регистрирани гласачи, од кои 769 посочија дека најверојатно ќе излезат да гласаат.
Помеѓу овие веројатни гласачи, Камала Харис задржа три проценти предност пред Трамп, 47 проценти од демократските гласачи во анкетата рекоа дека најверојатно ќе излезат да гласаат, во споредба со 44 проценти од републиканските гласачи кои го кажаа истото.