Пристигна извештајот од обдукцијата на Амела, која беше убиена во Тузла со двете деца: „Таа е погодена и со тапиот и со остриот дел од секирата“

Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла на својата веб-страница ги објави прелиминарните наоди од обдукцијата во која е потврдено дека Амела, која наводно била убиена од сопругот Мујага, како и нивните две деца , во семејниот стан во Тузла, починала од удари добиени со секира.

„Според прелиминарните наоди од обдукцијата, кои засега усно ги соопштува Обвинителството, а наскоро се очекува да биде доставен писмениот извештај и мислењето на вештаците од судска медицина, жената имала поголем број повреди на вратот, главата, лицето и другите делови од телото, нанесени и со остар и со тапиот дел од секирата, што ја предизвикало нејзината смрт “, се вели во соопштението.

Обвинителството одлучи да не излегува во јавноста со детали поврзани со тоа како починале децата.

„Во согласност со одредбите на Законот за заштита и третман на деца и малолетни лица во кривична постапка во ФБиХ, Обвинителството нема да изнесува никакви детали поврзани со убиените деца“, се додава.

Во тек се бројни истраги и собрани се сите релевантни индиции од местото на злосторството и ќе бидат предмет на вештачење.

За потсетување, истражителите сè уште работат на расветлување на трагичниот настан што ја погоди Тузла во изминатите неколку дена, кога осомничениот Мујага Чичкошиќ, наводно, во семејниот стан ги убил сопругата Амела Чичкошиќ (34) и двете деца, а потоа отишол во соседниот влез и се самоубил скокајќи од 14 кат. Сè уште не е познат мотивот за наводното злосторство.