Руската служба за безбедност (ФСБ) имала задача да го убие првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди Кирил Буданов, прв човек на украинската воена разузнавачка служба.
Евгениј Пригожин од вторникот е во егзил во Белорусија, што беше договорено со договорот со кој заврши кусиот бунт на борците на групата Вагнер.
„Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за ставање крај на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Првиот човек на Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, објави официјален Кремљ по бунтот од минатата недела.