Притворот на Нино Васев е продолжен

Судењето за случајот „Онкологија 2“ продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

На рочиштето сведочеа поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, објаснувајќи дека на состаноците не им била презентирана целосната финансиска состојба на Клиниката, туку само дека немало пречекорување на буџетот.

Еден од сведоците нагласи дека немаат членови со економска експертиза.

Обвинетите Васев и Нухи се изјаснија за невини.

Кривичниот суд му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев.

Одбраната на Васев, адвокатот Боби Спирковски, најави жалба на одлуката за продолжување на притворот за уште 30 дена, оценувајќи дека притворот е изречен под притисок и без правни аргументи.