Една неодамнешна студија ги идентификуваше причините зошто повеќето жени одбиваат да имаат секс со својот партнер. Во ова истражување, спроведено од компанијата Philips, учествувале 2.000 дами.
Имено, 79 отсто од нив рекле дека мора да бидат „соодветно подготвени“ за секс, наведува Мирор .
Една третина не сакаат да имаат секс освен ако не се избричени – конкретно, ако нивните нозе се влакнести, објави Филипс.
Покрај тоа, повеќе од половина од нив не сакаат да имаат секс, освен ако прво не се истуширале. Понатаму, 48 отсто од жените ќе го одбијат партнерот ако не ги измијат забите, а 26 отсто од нив ќе го сторат истото ако не ги избричат пазувите.
Според тоа, 32 отсто од жените чувствуваат потреба да се дотераат пред секс, а во просек им требаат 17 минути за тоа.
„Иако вашиот партнер веројатно нема да има ништо против, и иако „ритуалите на интимност“ се разликуваат од личност до личност, тоа што ќе бидете сигурни дека се чувствувате и изгледате најдобро за време на вашите најинтимни моменти може да биде голема работа“, велат од компанијата.
Тие нагласија дека првото нешто што треба да направите е да се чувствувате удобно, а тоа, меѓу другото, може да вклучува и дотерување.