Најмалку две лица загинаа, а цели села се евакуирани додека илјадници пожарникари „се борат“ со бесните пожари во Португалија.
Според странските медиуми, околу 5.000 пожарникари се борат со пожарите низ целата земја, од кои 1.100 во северозападната област Авеиро, каде што шумскиот пожар стигна до предградијата на градот Албергарија-а-Велха.
Од Европската унија беше побарано да испрати повеќе водни авиони за гаснење на пожарите.
⚠️ Portugal em chamas ⚠️
— Cianurosex (@cianurosex) September 16, 2024
🔥Aveiro,
🔥Albergaria a Velha,
🔥Valmaior,
🔥Macinhata,
🔥Sever do Vouga,
🔥Açores,
🔥Ílhavo e
🔥São Francisco! pic.twitter.com/31BxPuBc7b
Властите соопштија дека распоредиле 12 водени авиони во тој округ и се гасат со најмалку 20 пожари низ целата земја.
Полицијата затвори и дел од главниот автопат меѓу Лисабон и Порто поради густ чад.
Várias habitações estão a arder em Albergaria-a-Velha, no distrito de Aveiro, devido ao incêndio que começou no concelho vizinho de Sever do Vouga.
— SIC Notícias (@SICNoticias) September 16, 2024
Saiba mais aqui: htts://bit.ly/3XLN9W8p pic.twitter.com/mk4xqGJLu1
Две лица се во болница со тешки повреди, информираат од службата за цивилна заштита.
Градоначалникот на Албергарија-а-Велха, Антонио Лоуреиро, изјави за новинарите дека пожарот изгорел четири куќи и им се заканува на уште 20 додека се проширил низ индустрискиот и станбениот периметар на градот со околу 25.000 жители.