Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство потенцира дека во туристичките места се уништени над 200 килограми наупотреблива храна, односно храна што не одговарала со одредбите од Законот за безбедност на храна и со актуелните правилниците
Во детско одморалиште во Охрид пријавено е труење со храна, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во интервју за јавниот сервис.
Во интервјуто за МРТ, Бабовски додава дека периодов се вршат засилени контроли во туристичките и излетничките места, но и во објектите за малопродажба, особено кај оние производи кои се лесно распливи.
Потенцира дека во туристичките места се уништени над 200 килограми наупотреблива храна, односно храна што не одговарала со одредбите од Законот за безбедност на храна и со актуелните равилници.
„Во овој период, за жал, имаме и неколку сомнежи за труење. Еве, сега актуелно и уште во постапка е едно труење во едно детско одморалиште во Охрид, каде што по пријава на сомнеж на труење прогласено е труење. Таму веќе има одредена постапка којашто Државниот санитарен и здравствен инспакторат (ДСЗИ) заедно со АХВ ги спроведува активностите со цел заштита на здравјето на граѓаните“,вели Бабовски.
Директорот на АХВ апелира на поголема внимателност кај граѓаните при купувањето, чувањето, подготовката и конзумацијата на храната во летниот период, особено кај месото и млечните прозиводи.