Припадничка на француската армија која стоеше зад францускиот претседател Емануел Макрон почна да губи свест за време на неговото годишно обраќање до вооружените сили.
Инцидентот се случи за време на традиционалното претседателско обраќање до војската, кое во живо беше емитувано на официјалната сметка на Елисејската палата на социјалната мрежа Х.
За време на говорот, девојката одеднаш се тетеравила и почнала да паѓа.
– Мислам дека и е потребна помош – рече Макрон.
Таа бил однесена и по неколку минути можел да го продолжи говорот.
– Ве уверувам дека се работи за несвест. Не треба да е ништо сериозно. Зборував за важноста на антитерористичката операција Сентинел… Се надевам дека несвестицата не е поврзана со тоа – додаде Макрон.
Девојката на бината била заменета со друг војник.
Припадник на елитната француска воена единица, да потсетиме, неодамна исто така се онесвести зад претседателот Емануел Макрон за време на официјална церемонија во Париз. Макрон во Елисејската палата го пречека претседателот на Мадагаскар, Андри Ражоелин, а чуварот кој стоеше зад него одеднаш падна на земја и изгуби свест.