– Во Скопје полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР, во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје.
По преземени мерки и активности, соопштија денеска од МВР, околу 16.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници извршиле преглед над К.К. во близина на неговиот дом при што биле пронајдени 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет.
– Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Вчера, исто така, по добиена судска наредба, бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага, појаснуваат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.