На социјалната мрежа ТикТок се шири вирално видео кое предизвика немир меѓу луѓето, наводно никој над 25 години не може да го слушне овој звук, додека оние помладите го слушаат. Некои корисници тврдат дека ужасниот звук им предизвикува главоболка, додека други воопшто не го слушаат.
Корисничката со име @maystoo_88 објави видео со опис: „Само луѓе под 25 години можат да го слушнат овој звук“. Во видеото, 32-годишната Мејлин Сторбакен и нејзината 17-годишна внука Кармен Елизабет Баклунд ја тестираат теоријата. Кога се појавил звукот, на Кармен и создадел непријатно чувство додека 32-годишната девојка воопшто не го слушнала.
Досега видеото го погледнале повеќе од 77 милиони луѓе, а читањето на коментарите покажало дека речиси сите помлади од 25 години можат јасно да го слушнат иритирачкиот звук. Звукот се нарекува „тон на комарец“ и има фреквенција од 17,4 kHz.