Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ што од денеска се одржува во Скопје, објавено е на Фејсбук страницата на руската амбасада во Македонија.
Според информациите, Лавров добил порака дека неговото место на самитот на ОБСЕ, кој започна во главниот град на Северна Македонија, е „резервирано за НАТО“ , пренесува агенцијата Мак факс.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека на масите во салата има јасна манифестација на она за што зборува Лавров.
– На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ јасно се манифестира она за што Сергеј Лавров зборуваше во своето обраќање: „Под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивна идеологија на НАТО“, истакна Захарова .