Конфликтите продолжуваат на бојното поле во Донбас.
Воздушна тревога е прогласена во областа Дњепропетровск во Украина. Освен тоа, опасноста беше прогласена и во делот на Запорожје под контрола на Киев. Во Харков се слушаат експлозии, објави украинското интернет издание „Страна.уа“.
Украинската армија го гранатираше Петровскиот регион на Доњецк истрелувајќи пет гранати од калибар 155 милиметри, карактеристични за НАТО, додека три проектили од ист калибар беа истрелани кон Киевската област, соопшти претставништвото на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата поврзани со воените злосторства на Украина.