Продаден е дел од конфискуваниот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, имот кој беше ставен на продажба како дел од постапката во случајот „Парцела на Водно“.
Како што потврдија од Агенцијата за управување со конфискуван имот два стана на улицата „Бихачка“ се успешно продадени, додека за другите три стана во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, аукцијата сè уште не е завршена.
Најголемиот стан, со површина од 57 квадратни метри, првично беше понуден за 63.000 евра, но беше продаден за цена од 131.186 евра. Во меѓувреме, најмалиот стан, со површина од 38 квадратни метри, кој започна со цена од 44.000 евра, на крајот беше продаден за 90.016 евра.
Идентитетот на купувачот или купувачите засега не е објавен.
Имотот на Груевски беше конфискуван како дел од судската пресуда во случајот „Парцели на Водно“, каде што тој беше осуден на ефективна затворска казна за перење пари и нелегална проневера на недвижен имот преку трети лица. Продажбата на овој имот е наменета за надоместување на штетата предизвикана врз државниот буџет.