Жестоките борби меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) продолжија денеска во центарот на Картум.
Силни бомбардирања се регистрирани и во соседните градови Омдурман и Бахри. Обединетите нации вчера извршија дополнителен притисок врз конфликтните страни да гарантираат безбедно поминување на хуманитарната помош откако беа ограбени шест камиони.
Шефот за помош на ОН, Мартин Грифитс рече дека се надева дека ќе има состаноци со РСФ и суданската армија за два до три дена за да добие гаранции од нив дека конвојот ќе помине.
Обединетите нации предупредија дека борбите меѓу армијата и РСФ, кои избувнаа на 15 април, може да предизвикаат хуманитарна катастрофа што може да се прелее и во други земји. Досега во конфликтите загинаа 550 луѓе, а речиси 5.000 се повредени. Во исто време, околу 100.000 луѓе избегаа од Судан од почетокот на конфликтот.