Со сослушување на сведоците предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Софтвер“, каде првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
На предлог на одбраната, на последната судска седница сведочеа експерти од областа на интелектуалната сопственост и од областа на материјалното, сметководствено и финансиското работење.
Тие одговараа на прашања поставени од обвинетиот Драги Рашковски и обвинителката Ивана Трајчева, а кои се однесуваат на јавни набавки, за кои обвинетиот се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и приходи различни од кривичното дело“.
Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените дејствија при спроведување на четири постапки за јавна набавка за биометриски систем за идентификација, јавна набавка на софтвер за утврдување просечна брзина на возила во сообраќајот и издавање казни, набавка на ANPR камери за препознавање на регистарски таблички на возила и набавка на метални кабини за потребите на системот за биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.
Рашковски беше обвинет за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, додека лицата И.Д. За „злоупотреба на службената положба и овластување“ се обвинети И.Х., Д.С., И.И., И.М.
Предметот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинителството е обвинителката Ивана Трајчева.