Државниот инспекторат на Република Хрватска ги отповика желе стапчињата „Jin Jin Assorted Jelly strip“ бидејќи содржат неодобрени адитиви Е407 и Е410.
Поради тврдоста на производот, не може да се исклучи ризикот по здравјето на потрошувачите, особено на децата, пренесува ХРТ.
Овие адитиви можат да влијаат на конзистентноста на желето, при што поради тврдоста на производот не може да се исклучи ризикот по здравјето на потрошувачите, особено на децата, поради можноста од задушување при голтање.
Производот не е во согласност со Регулативата за адитиви во храната и со Регулативата за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храната и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната, се наведува во известувањето.
Повлечениот производ е со сите ЛОТ броеви и датуми на истекување, добавувач е германскиот Crevel Europe, а Осми Континент Дубровник е продавач на мало.