Производството на руски гас расте

Производството на гас во Русија ќе се зголеми за шест отсто до 675 милијарди кубни метри во 2024 година, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за пазарот на гас.

Според податоците на агенцијата, производството на руски гас во првата половина од оваа година се зголемило за седум отсто на годишно ниво, пренесува Комерсант.

Главен мотор на растот на производството на гас во првата половина на 2024 година беше растот на извозот на гас преку гасоводи, како и на извозот на течен природен гас.

Во споменатиот период Русија ги зголеми испораките на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 35 отсто на годишно ниво, а зголемена е и испораката за Европа.

Во исто време, обемот на руското производство на течен природен гас се зголеми за речиси два отсто на годишно ниво, или за две милијарди кубни метри.

Испораките на гас за Пекинг се вршат во рамките на долгорочниот билатерален договор за купување и продажба на гас меѓу Гаспром и кинеската компанија CNPC.