Промоција на Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија (2022) ќе се одржи денеска во Скопје.
Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Канцеларијата на UN Woman во Скопје, во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиран од Швајцарија и Шведска.
На промоцијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, амбасадорка на Шведска во нашата земја Ами Ларсон Јаин, раководителот на одделот за односи со јавност на Европскиот институт за родова еднаквост, Европска Унија, Денис ван дер Веур и национална координаторка на програмата за РОБ, UN Women во Северна Македонија Ивона Паунович Бишевац.