Истрагата за уривањето на авионот на Азербејџан ерлајнс кој леташе од Баку до Грозни е во тек. Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата. Властите во Казахстан велат дека немаат официјална верзија за падот на авионот, а ниту Русија, ниту Азербејџан не дале таква.
Откако светските медиуми објавија дека руската воздушна одбрана го соборила авионот, Москва побара да не се шпекулира.
При уривањето на авионот со 67 патници, 38 загинаа во несреќата, а 29 се преживеани, вклучително и две деца.