Неодамна математичари од Велика Британија на англискиот универзитет „Сасекс“ ги анализираа психолошките и биолошките аспекти на машкиот оргазам, за да дојдат до „формулата“ што го предизвикува.
– Врз основа на утврдените податоци, како и претходно објавената работа за моделирање на биолошки појави, го развивме првиот успешен математички модел на сексуална изведба – изјави д-р Константин Блајс за коавторот на студијата.
Истражувањето, наводно, било инспирирано од употребата на математика за анализа на перформансите во спортот, а истражувачите користеле познати податоци за психолошко и физиолошко возбудување за проектот. Во претходните студии на оваа тема користени во тековната анализа, учесниците кои се согласиле да водат љубов додека биле „набљудувани“ од посебен тип на скенер за магнетна резонанца.
– Во минатото истражувачите се обидуваа да напишат модел кој ќе го опише физиолошкиот пат до машката кулминација, но безуспешно – рекол Блајс, пренесува „Њу Јорк пост“.
Тие создадоа две равенки, едната поврзана со менталната, а другата поврзана со физичките аспекти на машката интимност.
– Нашите наоди фрлаат светлина на една општествено табу тема и веруваме дека тие би можеле да имаат корисна примена во клиничкиот третман на сексуалната дисфункција, како и во обезбедувањето формула за подобрување на сексуалниот живот на пошироката јавност – рече коавторот Др. Јулија Киричко.
Клучно откритие е дека премногу психолошка возбуда во почетокот на процесот може да ја спречи способноста за кулминација.
„Едноставно, откритието можеме да го резимираме во пораката: „Не размислувај премногу“.
Следната работа на која ќе работат, рекоа, е проучување на женскиот оргазам, но се согласуваат дека тоа би можело да потрае, бидејќи оргазмот е покомплексен од машкиот.