На местото на падот на авионот на Пригожин е пронајдена „црната кутија“, или рекордер на податоци за летот, соопштија руските власти, пренесува „Скај њуз“.
Приватен авион се урна во средата, при што загинаа сите 10 лица во него, според руските власти.
Смртта на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин cè уште не е официјално потврдена. Сега се вршат генетски тестови на телата пронајдени на местото на несреќата, додавајќи дека истрагата „внимателно ќе ги провери сите можни верзии за тоа што се случило“.