Пронајдени „вонземјени“ објекти на Земјата? Од Харвард тврди дека ова е историско откритие

Научниците тврдат дека за прв пат во историјата пронашле материјал кој потекнува надвор од нашиот Сончев систем.

Физичарот од Харвард, професор Ави Лоеб, рече дека раната анализа на металните фрагменти што неговиот тим ги пронашол и отстранил од Тихиот Океан сугерира дека тие дошле од меѓуѕвездениот простор.

Околу 700 анализирани мали метални сфери содржат легури кои не се совпаѓаат со ниту една постоечка легура во нашиот сончев систем. Наодите сè уште не даваат одговор на прашањето дали сферите се од вештачко или природно потекло, а Лоеб рече дека тоа е следното прашање на кое неговото истражување има за цел да одговори.

„Ова е историско откритие бидејќи е првпат луѓето да полагаат раце на материјали од голем објект што пристигнал на Земјата надвор од Сончевиот систем“, напиша Лоеб во вторникот за Медиум.

Остатоците потекнуваат од објект сличен на метеор кој се урна во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година, а Лоеб не ја исклучува можноста дека се работи за фрагменти од вонземски брод.

Тој и неговиот тим поминале две недели копајќи го морското дно со надеж дека ќе најдат докази за поддршка на неговата теорија.

„Успехот на експедицијата ја илустрира вредноста на преземањето ризици во науката наспроти сите шанси како можност за откривање ново знаење. Понатамошните истражувања ќе покажат дали сме во право“, напиша Лоеб на Медиум .