Пронајдени остатоци од морски канибал: Неверојатно откритие, чудовиштето имало 130 застрашувачки заби, убивало со еден угриз (ФОТО)

Остатоци од огромно морско чудовиште се откриени во југозападниот дел на Англија.

Огромен череп од плиосаурус е откопан од карпи во Дорсет. Плиосаурус беше како машина за убивање долга помеѓу 10 и 12 метри, која имаше четири моќни екстремитети налик на перки кои му дозволуваа да се движи со голема брзина под вода.

Тоа беше врвен предатор во океанот пред 150 милиони години.

– Животното би било толку масивно што  можело ефикасно да лови сè што му било на дофат. Не се сомневам дека тоа беше како подводен Т-рекс – вели д-р Андре Роу од Универзитетот во Бристол.

– Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Она што го прави уникатен е тоа што е комплетен. Долната вилица и горниот череп се споени како што би биле во животот. Не постои сличен примерок во светот. Ја има секоја коска. Черепот е подолг отколку што се високи повеќето луѓе и тоа ви дава чувство за тоа колку големо суштеството воопшто било. Не можете а да не се фокусирате на неговите 130 заби. Особено предните заби, долги и остри, би можеле да убијат со еден залак – вели локалниот палеонтолог Стив Етчес.

Исхраната на древното морско чудовиште меѓу другите вклучувала и плезиосауруси и ихтиосауруси, меѓутоа, фосилните докази откриваат дека се хранел и со други плиосауруси.

Два метри долгиот фосил бил пронајден кога пријателот на Стив и колега ентузијаст Фил Џејкобс наишол на врвот на вилицата на плиосаурус што лежел во чакал додека шетал на плажа во близина на заливот Кимериџ.

Научниците неодамна објавија дека откриле остатоци од две бебиња диносауруси во фосил на тираносаурус стар 75 милиони години! Откритието фрла нова светлина врз исхраната на древните предатори.