Вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој во средата вечерта беше убиен лидерот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, денеска е пронајден.
Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина и самиот Пригожин.
Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крилата и опремата за слетување, на кои нема траги од дејствување на противвоздушна одбрана.
Според медиумите, особено е интересно што вториот дел од авионот е пронајден на околу три километри од местото каде што паднал поголемиот дел, односно трупот.