Обвинителството во Брисел денес потврди дека во декември во канцеларијата на регионалната министерка за образование во белгиската провинција Валонија, Каролин Дезир биле пронајдени 50 ќесички со кокаин.
Потврдата на обвинителството дојде откако синоќа весникот Dernijer Ur објави дека полицијата пронашла кокаин.
Обвинителството денеска соопшти дека е уапсено лице вработено во канцеларијата на Каролин Дезир и обвинето за продавање и поседување наркотици, објави Politico.
Други осум лица од кабинетот беа обвинети за продажба и поседување наркотици, но двајца веќе се пуштени на условна слобода.
Каролин Дезир потврди дека слушнала за апсењето на 13. декември.
Таа нагласи дека го отпуштила уапсениот работник поради „кршење на довербата“ и дека потоа во неговата канцеларија бил пронајден кокаин.
Според споменатиот весник, полицијата во куќата на уапсениот пронашла и 10.000 евра во кеш.
Државното обвинителство во Брисел соопшти дека истрагата се уште е во тек.
Никој од кабинетот на Каролин Дезир не беше достапен за дополнителни коментари за тамошните медиуми.