ПРОНАЈДЕНО ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА – Уапсени две млади лица од Прилеп

Полициски службеници од Прилеп вчера привеле две лица, кај кои било пронајдено оружје.

МВР информира дека вчера во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при прилепското ОВР ги лишиле од слобода прилепчаните А.С. (23 г.) и Р.Р. (23 г.).

При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р. биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм“, информираат од полицијата.

По комплетно документирање на случаите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МакедонијаМВРоружјеПрилеп