ПРОНАЈДЕН ИСЧЕЗНАТИОТ КУМАНОВЕЦ – 60-годишниот човек е во добра здравствена состојба, а полицијата го пронашла во Старо Нагоричане

Полициски службеници од СВР Куманово по преземени мерки и активности денеска во селото Сув Орах во Општина Старо Нагоричане го пронајдоа Ц.Д. (60 г.) од Куманово. Од МВР соопштија дека лицето е во добра здравствена состојба.

За него вчера во 20.00 часот неговата сопруга М.Д. пријавила дека се оддалечил од домот, а дека станува збор за лице со здравствени проблеми.

МакедонијаМВР