Пронајден мртов после снимање: Кинез испил најмалку 7 литри алкохол пред камера, тоа му било последно (ВИДЕО)

Кинески ,,лајфстример” почина набргу откако беше виден како пие обилни количини алкохол на Doujin – кинеска апликација слична на TikTok, објави Би-Би-Си.

Корисникот наречен „Брат на 3.000“ испил најмалку седум шишиња од кинескиот алкохолен пијалок ,,баиџиу” додека емитувал на неговиот канал, пренесува Танјуг.

Тој бил пронајден мртов 12 часа подоцна, по преносот во живо, објавија кинеските медиуми. Неговата смрт предизвика повици за посилен владин надзор на растечката индустрија за пренос во живо.

Ванг (34) е познат по тоа што пиел кинески пијалок за време на преносите во живо, а ,,баиџиу” содржи и до 60 отсто алкохол.

Мрежата Doujin веќе забрани пиење алкохол додека се емитува во живо, со казни кои се движат од привремена до трајна забрана на апликацијата.

На Ванг му беше забрането да ја користи апликацијата поради алкохол, но тој отвораше нови сметки и ги заобиколуваше правилата. На неговиот последен профил го следеле 44.000 луѓе.

Извештајот на кинеските власти откри дека повеќе од милијарда корисници на Интернет биле активни на кратки видео платформи како Doujin, индустрија вредна околу 28 милијарди долари.