Боливиската полиција го уапси генералот Хуан Хозе Жунига, водачот на воениот удар што беше обид синоќа во главниот град Ла Паз.
Би-би-си јавува дека апсењето на Жунига се случило неколку часа откако неговите војници упаднале во претседателската палата.
Армијата, опремена со оклопни возила, претходно зазеде позиции на плоштадот Муриљо, каде се наоѓаат клучните владини згради во Ла Паз.
Нема повеќе војници на плоштадот, а претседателот Луис Арс го осуди обидот за државен удар.
Тој го повика населението да се „организира и мобилизира… во корист на демократијата“.
– Не можеме да дозволиме Боливијците повторно да умрат поради обид за државен удар – рече Ас во телевизиското обраќање до нацијата што беше емитувано од претседателската палата.
Провладините демонстранти веднаш реагираа излегоа на улиците на Ла Паз за да го поддржат Арсе.
Тој најави дека ќе назначи нови воени команданти и потврди дека генералот Жунига бил сменет откако отворено го критикувал Ево Моралес, поранешниот претседател на Боливија.
Моралес, исто така, го осуди обидот за државен удар и побара генералот Жунига и неговите „помошници“ да бидат обвинети.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Боливија соопшти дека е покрената кривична истрага.
Би-Би-Си објави дека Жунига планирал да ослободи „политички затвореници“, вклучувајќи ја и поранешната претседателка Жанин Анез, противник на поранешниот претседател Моралес, кој и понатаму е влијателен во земјата.
Генералот планирал и да го уапси Моралес во случај повторно да се кандидира за претседател, што нема уставно право да го прави.