Пријовиќ е една од најпопуларните пејачки на денешницата, а се прослави со песната „Доцна ни е“. За нејзините концерти се бара „билет повеќе“, а сите би сакале да знаат како стојат работите зад сцената.
Александра Пријовиќ веќе со месеци е на својата регионална турнеја која ги руши сите рекорди на посетеност.
Таа пред две вечери пееше во салата Борик во Бања Лука, а социјалните мрежи потврдуваат дека направила спектакл за паметење.
Меѓутоа, сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое пејачката се подготвува пред концертот.
Во видеото можете да видите колку внимание посветува на својот изглед и на секој детал, за да блесне на сцената. Познато е дека Александра се грижи за својот изглед за време на јавните настапи, во што помага тим експерти.