Протекуваат нови детали од тајните документи од кои се плашат многу познати светски фаци: “Џефри Епштајн еднаш ми кажа какви девојки сака Бил Клинтон…“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Бил Клинтон, е едно од лицата споменати во документите кои беа дел од тужбата за клевета што ја поднесе Вирџинија Џуфре во 2015 година против долгогодишната соработничка на озлогласениот американски финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн, Гислејн Максвел.

Јохана Сјоберг, сведок во тоа судење, за време на сведочењето кажа дека Џефри Епштајн еднаш и рекол дека на Бил Клинтон му се допаѓаат „млади девојки“, пренесува Business Insider.

Во еден момент за време на сведочењето, адвокатите на Јохана Сјоберг прашале дали Џефри Епштајн некогаш го спомнал Бил Клинтон кога таа била во нејзино друштво. 

Тој еднаш кажа дека Бил Клинтон сака млади девојки, значи девојчиња“, изјавила Јохана Сјоберг во изјавата што ја дала на 18. мај 2016 година.

Кога Џефри Епштајн беше обвинет за трговија со луѓе за сексуална експлоатација во 2019 година, Бил Клинтон кажа дека не знае ништо за злосторствата, а неговиот портпарол Ангел Урења изјави за Business Insider во средата дека ништо не се променило во тој поглед од тогаш.

Џефри Епштајн

Бил Клинтон претходно изјави дека жали што се дружел со Џефри Епштајн, кој ја посети Белата куќа неколку пати за време на неговиот претседателски мандат. Кога станува збор за врската меѓу Бил Клинтон и Џефри Епштајн, поранешниот претседател на САД никогаш не беше обвинет.

Портпаролот на Бил Клинтон изјави дека тој четири пати бил патник во авионот на Џефри Епштајн и дека овие патувања се случиле во 2002 и 2003 година. Се додава дека Бил Клинтон и Џефри Епштајн немале контакт 20 години.

Девојката Јохана Сјоберг за време на судењето кажала дека знаела дека Џефри Епштајн имал контакт со Бил Клинтон, но не знаела дека тие се пријатели додека не прочитала за тоа во медиумите.

Јохана Сјоберг вели дека никогаш не го видела Бил Клинтон на островот Џефри Епштајн кој се наоѓа на територијата на САД

На 29. декември 2021 година, Гислејн Максвел беше прогласена за виновна за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, а на крајот на јуни 2022 година беше осудена на 20 години затвор.

Бил КлинтонГислејн Максвелпедофилијасексуално возменирувањесудЏефри Епштајн