ПРОТЕКУВААТ НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАПАДОТ НА СЕВАСТОПОЛ – Украинците го уништија седиштето на Црноморската флота среде важен состанок на Русите !?

Украинската Армија во саботата тврдеше дека убила или ранила „високи команданти“ на руската морнарица во вчерашните напади врз штабот на Црноморската флота во Севастопол на окупираниот полуостров Крим.

Деталите за нападот ќе бидат објавени што е можно поскоро, а тој резултираше со десетици мртви и ранети на страната на окупаторите, вклучително и високи команданти на флотата“, соопшти украинската Армија.

Во соопштението за медиумите тие тврдат дека нападот бил извршен во време на состанок на високи офицери на руската Армија.

Првиот човек на украинското воено разузнавање Кирило Буданов во интервју изјави дека најмалку девет Руси се убиени, а 16 се ранети, меѓу кои и генерали.

Медиумската агенција France Press пишува дека не може да ја потврди оваа информација.

Кирило Буданов одби да каже дали ракетите користени во нападот се западно производство.

Руските власти во петокот потврдија дека едно лице загинало, но подоцна тие информации ги сменија во едно исчезнато лице.

Во саботата повторно одекнаа експлозии на полуостровот Крим, кој беше илегално припоен од Русија во 2014 година.

Според првите информации, во Севастопол работеше против-воздушна одбрана“, напиша првиот човек на Крим, Михаил Развозаев, во саботата наутро на социјалната мрежа Телеграм.

Фотографии од облаци од чад во воздухот кружат на социјалните мрежи, што укажува на тоа дека во погодената област се наоѓа руско складиште за муниција.

Војната на Русија против соседна Украина во петокот влезе во својот 20-ти месец.

Во последните неколку недели, украинската Армија постојано ги оштетуваше руските воени објекти – меѓу другото и на Крим.

Врховниот штаб во градот Севастопол во анектираниот Крим е главниот центар на руската Армија и за нападите врз Украина, за снабдување на руските трупи што го окупираа југот на Украина и за лансирање ракети од морето.

војнаКримРусијаСевастополУкраина