Протест на младите во Франција против пензиската реформа

 – Младите луѓе во Франција, вклучително и оние кои се уште не работат, денеска протестираат против владините планови за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Студентите планираат да го блокираат пристапот до некои универзитети и средни училишта, а во Париз е организиран протест како дел од националните штрајкови и демонстрации против пензиските реформи за кои расправа Парламентот.

За генерацијата која претходно беше загрижена за инфлацијата, неизвесните работни перспективи и климатските промени, нацрт-законот за пензиските реформи покренува нови прашања за придобивките од младите што вложуваат напори, јавија француски медиуми.

„Не сакам да работам цел живот и да завршам исцедена, рече 15-годишно девојче кое учествуваше во блокирањето на влезот во нејзиното средно училиште заедно со нејзините соученици на протест минатиот месец. „За нас е важно да покажеме дека нашите млади се грижат за нашата иднина“, додаде таа, пренесе БТА.

Во протестите беа вклучени млади луѓе кои се собраа против пензиската реформа откако беше предложена во јануари, но студентските заедници и сојузи сега бараат да се посвети поголемо внимание на стравовите на помладата генерација.

Претседателот Емануел Макрон сака да ја подигне старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и да направи други промени, за кои вели дека се неопходни за одржување на јавниот пензиски систем финансиски стабилен додека населението старее.