Снимен е моментот во кој руски војници наводно ги нападнале сопствените позиции и отвориле оган врз сопствените војници сметајќи дека се Украинци.
Драматичните снимки покажуваат како руска јуришна единица излегува од тенк и потоа го крева во воздух сопствениот ров во Новомихаиливка, пишува The Sun.
Популарната веб-страница за воени блогови „Deep State Map“ ја лоцираше сцената до руско-украинската граница.
На видеото се гледа како војниците на Владимир Путин патролираат во тенк на руска територија, по што еден куп војници излегуваат од тенкот и почнуваат да пукаат во, според нив, ров полн со украински војници. Тие дури и го нападнаа ровот со ракетни фрлачи – несвесни за фактот дека напаѓаат свои луѓе.
За неколку моменти, ровот и сите во него исчезнуваат во облак од црн чад, што може да се види на видото кое го објави The Sun.