Познато е дека Килијан Мбапе донел конечна одлука – Французинот на лето по истекот на договорот сигурно ќе го напушти ПСЖ како слободен играч. Шпанскиот весник AS објави информации кои даваат дополнителен контекст на неговата одлука, како и информации за потенцијалниот договор што треба да го постигне со Реал Мадрид.
AS пишува дека преселбата на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид нема да влијае само на неговите спортски аспирации, туку и на неговата банкарска сметка. Без разлика како ќе завршат преговорите помеѓу играчот и Реал Мадрид, во кои главниот збор засега наводно го има „Кралскиот Клуб“, платата што ја доби оваа сезона (72 милиони евра бруто плус бонус) нема да биде онаа што ќе ја добива како дел од клубот од Мадрид.
За да ја исполни границата која Реал Мадрид си ја наметна на почетокот на преговорите, клубот ќе се обиде да ја намали бројката од 50 милиони бруто евра, кои наводно опкружувањето на Килијан Мбапе ја поставиле како почетна точка. Ова е цифрата која Французинот би сакал да ја добива во Реал Мадрид на годишно ниво за време на договорот кој треба да трае до 2030 година.
Од друга страна, AS пишува дека ПСЖ со губењето на Килијан Мбапе ќе „заработи“ околу 200 милиони евра. Неговата сегашна плата е околу 72 милиони евра бруто по сезона, а на таа бројка треба да се додадат и околу 130 милиони евра, исто така бруто, што се чува како „бонус за лојалност“.
ПСЖ на тој начин ќе има „одврзани раце“ да бара потенцијални замени, а се вели дека првичниот план е да ангажира двајца играчи „ѕвезди“. Приоритет број еден е Виктор Осимхен од Наполи, нигерискиот напаѓач кој минатата година го предводеше својот тим до шампионската титула. Познато е дека Виктор Осимхен во договорот има отштетна клаузула која изнесува околу 100 милиони евра.
Слична бројка ќе биде потребна за следната цел. Станува збор за играчот на Милан, Рафаел Леао, играчот кој треба да биде директна замена за Килијан Мбапе на левото крило. Парижаните веќе подолго време се подготвуваат за потенцијално заминување на Французинот, веќе се воспоставени контакти со агенти за летниот преоден рок…