Обвинителството на Првиот судски округ на американската сојузна држава Ново Мексико денеска официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против холивудскиот глумец Алек Болдвин, за пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс.
И лицето Хана Гутјерез – задолжена за оружјето на снимањето, официјално ќе биде обвинета за убиство од небрежност.
Во првата тужба, од семејството на Хачинс, поднесена минатиот февруари во градот Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа, продуцентите и други клучни членови на екипата, се наведуваат бројни прекршувања на стандардите на филмската индустрија. Гутјерез во истрагата изјави дека го проверила пиштолот и дека смета оти бил празен пред фаталниот инцидент.
Семејството на Хачинс и Алек Болдвин минатава година постигнаа спогодба во тужбата против Болдвин.
За време на снимањето, Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, кога пиштол користен од Болдвин при филмскаа проба во октомври 2021 година испука вистински куршум. Истрагата за убиството траеше повеќе од една година.